Македонската фудбалска репрезентација во моментов го игра петтиот квалификациски дуел од тековната Мундијалска кампања против селекцијата на Лихтенштајн.
Македонија поведе во 15. Минута со голот на Елиф Елмас. И тоа каков.
„Дијамантот“ речиси сам ја совлада целата одбрана на гостите кога поведе една топка по таа негова лева страна и мина во „слалом“ тројца дефанзивци. Шутираше под голманот Букел, кој беше немоќен да стори нешто повеќе.
Македонија има тотална контрола на дуелот, поседот на топката е во огромен процент на наша страна и во моментов се оди во наша полза на овој натпревар.
Голот може да го погледнете на следниот ЛИНК.
