Страотна несреќа го потресе светот: Се судрија воз и автобус – има многу загинати и повредени

Најмалку десет лица загинаа, а 61 лице е повредено откако товарен воз удри во двокатен автобус во близина на Мексико Сити, соопштија локалните власти во понеделникот.

Несреќата се случила во индустриската зона на автопатот помеѓу градот Атлакомулко, кој се наоѓа околу 115 километри северозападно од главниот град, и Мараватио, во близина на сојузната држава Мичоакан.

Сцените од местото на настанот покажале дека предниот дел на горниот кат од автобусот е целосно уништен и длабоко удлабен од ударот,

додека екипите за спасување веднаш пристигнале за да им помогнат на повредените.

Од Канцеларијата на јавниот обвинител на сојузната држава Мексико соопштија дека меѓу загинатите се седум жени и тројца мажи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде