Тешка несреќа: Возило излета од патот – има повредени

Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа што се случи вечерва околу 20:45 часот кај месноста Крива Круша, во близина на Пехчево.

Несреќата се случила кога возилото се превртело и излетало од патот.

Повреденото лице било извлечено од екипи на Територијалната противпожарна единица Берово, по што со брза интервенција е пренесено од екипа на Итна медицинска помош, потврди за МИА командирот на ТППЕ Берово Димитар Гошевски. 

Сообраќајот на овој потег се одвиваше со наизменично пропуштање на возилата, под контрола на сообраќајната полиција.

Од полицијата најавија дека повеќе детали за несреќата ќе бидат соопштени во текот на денот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде