УХМР утрово со најнова вест

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 35 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Времето во наредните денови

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од четврток до недела ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе биде во опаѓање.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде