УХМР објави мапа: Силно невреме ќе ја зафати Македонија

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Наместа ќе има услови за изолирана појава на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15л/м2) и засилен ветер (над 60км/ч), соопшти УХМР.

Во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а во сабота ќе има изолирана појава на нестабилност.

Во недела повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи, наместа со поинтензивни процеси.

Во Скопје, променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме. 

МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА УТРЕ (11.09.2025): Утре ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²) за кратко време и засилен ветер (над 60 km/h).

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде