Тешка несреќа: Прегазена жена, со тешки повреди итно пренесена во болница

На 09.09.2025 во 10:40 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул„Сотка Ѓорѓиоски“ во Прилеп, при влез за катна гаража,

патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 24-годишната Ј.Д. од с.Дрен, прилепско, удрило во 71-годишната Н.Г. oд Прилеп.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Н.Г., констатирани во Градската општа болница Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп – информираат од МВР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде