Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Наместа ќе има услови за изолирана појава на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15 л/м²) и засилен ветер (над 60 км/ч).
Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме.
Температурата во македонската престолнина ќе се движи од минимални 16 до максимални 31 степени.
Во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а во сабота повторно ќе има услови за нестабилност. И во недела на повеќе места ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи, наместа со поинтензивни процеси, прогнозираат метеоролозите.
