ТРАГЕДИЈА: Младо момче загина во тешка несреќа

30-годишен работник во делчевска фабрика загинал по пад од висина. 

– Вчера околу 11 часот, В.Р. (30) паднал од висина од околу три метри во фабрика во Делчево и се здобил со тешки телесни повреди, соопшти СВР Штип.

Иако веднаш бил пренесен со возило на Итната медицинска помош кон Клиничката болница во Штип, тој им подлегнал на повредите на патот.

Увид на местото извршила екипа на ОВР Делчево,

а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.   

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде