СИЛЕН земјотрес со јачина од 7,4 степени – еве каде е епицентарот

Силен земјотрес е регистриран крај брегот на рускиот регион Камчатка. Има магнитуда од 7,4 степени според Рихтеровата скала, јавува Асошиејтед Прес.

Епицентарот на земјотресот бил 111,7 километри источно од Петропавловск-Камчатски и бил на длабочина од 39 км. Нема извештаи за повредени или сериозна материјална штета.

Тихоокеанскиот систем за предупредување од цунами првично објави дека по земјотресот постои закана од можно цунами, но кратко потоа го откажа предупредувањето.

Регионот Камчатка беше погоден од неколку силни земјотреси во последните месеци. Кон крајот на јули, во близина на полуостровот беше регистриран најсилниот земјотрес на Земјата од 2011 година . Земјотресот, со јачина од 8,7 степени според Рихтеровата скала, предизвика цунами бранови во Тихиот Океан.

Камчатка се наоѓа во сеизмички регион и таму често се случуваат земјотреси и вулкански ерупции.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде