Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на регионалниот пат Струмица-Валандово, во селото Костурино.
Според информациите од СВР Струмица, во несреќата учествувале товарно возило „волво“ со полуприколка со гевгелиски регистарски таблички,
управувано од М.Т. (56) од Богданци, и работна машина за сечење дрва, управувана од Ќ.Е. (36) од Струмица.
Со тешки телесни повреди се здобиле возачот на машината и неговиот сопатник М.Е. (31) од Струмица, додека малолетен сопатник претрпел телесни повреди. Повредите се констатирани во Медицинскиот центар Струмица.
За несреќата бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.
