Тешка сообраќајна несреќа – три лица итно пренесени во болница

На 12.09.2025 во 13:00 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека на регионален пат Струмица-Валандово, во с.Костурино, струмичко,

се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „волво”  со полуприколка со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(56) од Богданци и работна машиназа сечење дрва, управувана од Ќ.Е.(36) од Струмица.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле вoзачот и сопатникот на работната машина М.Е.(31) од Струмица, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник на работната машина, констатирани во Медицински центар Струмица.

Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а увид на местото изврши екипа на Полициската станица Струмица.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде