Вонредно обраќање на Панче Тошковски: Граѓаните од Трубарево да ги напуштат своите домови

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва на вонредна прес конференција истакна дека граѓаните кои се во близина на местото каде попладнево изби голем пожар, би требало да ги напуштат своите домови.

За таа цел, како што кажа, има отворени сместувачки капацитети.

„Радиационо зрачење нема. Во непосредна близина на пожарот има висока загаденост со штетни супстанци. На 400 метри од пожарот, не е евидентирано загадување.

Препорачуваме на жителите кои се во непосредна близина да ги напуштат своите домови.

Затоа се ставени на располагање капацитетите на Центарот за обука кој е во непосредна близина“, изјави Тошковски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде