УХМР објави мапа: Еве каде има невреме во Македонија

По периодот на високи септемвриски температури, Македонија денеска и во ноќта кон понеделник ќе ја погоди силно невреме.

Под влијание на атмосферски фронт од север и северозапад, во попладневните и вечерните часови се очекуваат поројни дождови, силни грмежи и засилен ветер.

Најмногу погодени ќе бидат северните и источните делови на земјата, каде нестабилноста ќе биде изразена со локални невремиња.

И во Скопје  и околината во погоре споменатиот период времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

НАЈНОВА ВЕСТ ОД УХМР

Во источните делови во државата имаме појави од пороен дожд и засилен ветер.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде