Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против две лица, на возраст од 44 и 46 години, поради основано сомнение дека сториле кривично дело – тешка телесна повреда, по член 131 од Кривичниот законик.
Настанот се случил на 10 септември во вечерните часови, во паркот „Жена-борец“ во Скопје.
Според Обвинителството, осомничените заедно со оштетениот пиеле алкохол, по што започнала вербална расправија која преминала во физичка пресметка.
„Двајцата осомничени со удари со тупаници и клоци по главата и телото му нанеле повеќе повреди на оштетениот.
Како резултат на тие повреди, оштетениот два дена подоцна починал во болница,“ соопштија од Обвинителството.
