Страотна сообраќајна несреќа, младо момче го загуби животот

На 14.09.2025 околу 18:05 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на локалниот пат од с.Богородица, гевгелиско,

кон регионалниот пат 1109, 37-годишниот С.Ф. од Гевгелија, управувајќи мотоцикл „кавасаки“ со гевгелиски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и пренесен е во Општа болница Гевгелија, каде што во 19:22 часот починал.

Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

Извршен е увид од Јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Гевгелија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде