ОГРОМНА ТАГА: Младо момче загина во страотна сообраќајна несреќа

На 14.09.2025 околу 18:05 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на локалниот пат од с.Богородица, гевгелиско, кон регионалниот пат 1109, 37-годишниот С.Ф. од Гевгелија, управувајќи мотоцикл „кавасаки“ со гевгелиски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и пренесен е во Општа болница Гевгелија, каде што во 19:22 часот починал.

Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Извршен е увид од Јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Гевгелија.

Последен поздрав испратија и од Мото асоцијацијата на Македонија.

„Почитувани моторџии и поширока јавност. Со длабоко жалење и голема тага Ве известуваме дека нашиот драг другар Саше Франгов од Гевгелија ненадејно почина вчера.

Изразуваме сочувство до фамилијата и Мото клубот Ретки птици МК од Гевгелија за оваа голема загуба за прерано згаснатиот живот на нашиот брат. Нека му е светол и отворен Небесниот пат, а ние вечно ќе се сеќаваме на него.“

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде