Нов пожар избувна во Скопје

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов утрово информираше за пожар во реонот на населбата Пинтија.

„Рано утрово пред 4.00 часот изби тежок пожар во сервис за возила пред Пинтија (над Стаклара во метстото наречено Каменик) во кој имаше повеќе автомобили, уље и други запаливи предмети.

БППЗ Скопје веднаш излезе на лице место и со 8 возила после тешка борба со огнот, пожарот беше изгаснат пред 6.00 часот.“

Тоа се вели во неговата информација.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде