Откриени нови детали за двојното убиство и самоубиство во Велес

Вчера во 15:30 часот во СВР Велес е пријавено е дека на ул.,,Кочо Рацин“ во Велес е пронајдено женско лице со повреди по телото од остар предмет.

На местото излегоа полициски службеници и констатираа дека се работи за Р.К.(31) од Велес, која од Итна медицинска помош е пренесена во болницата во Велес, каде што е констатирана смрт.

На местото е затекнат Ф.Т. од Велес, сегашен партнер на Р.К., кој изјавил дека заедно отишле во домот на нејзиниот татко затоа што не се јавувал, а откако Р.К. ја отворила вратата со остар предмет ја нападнал нејзиниот поранешен партнер, И.С.(39) од Скопје, по што ја заклучил вратата.

После тоа, полициски службеници влегоа во домот и го пронајдоа починат нејзиниот татко К.К.(74) , кој исто така, имал повреди од остар предмет. Во домот со повреди од остар предмет е пронајден и И.С., за кој според првичните информации постои сомнение дека откако ги нападнал двајцата, сам се повредил.

Откако е пренесен во болницата во Велес и кај него е констатирана смрт. Увид извршија јавен обвинител во содејство со увидна екипа на СВР Велес и по наредба на јавен обвинител телата на починатите се дадени на обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде