Пејачот Дарко Илиевски од Флорида пристигна во Скопје за да се збогува со саканиот татко.
Поп-пејачот Дарко Илиевски, една од најголемите поп-ѕвезди на својата генерација, кој сега живее и работи во Флорида, САД, се врати во родното Скопје поради тажна семејна причина.
Тој пристигна во последен момент за да се збогува со својот татко, кој почина по кратко боледување. Пејачот сподели емотивна порака, која предизвика бран на сочувство кај јавноста.
Веста за смртта на неговиот татко, Дарко ја сподели на социјалните мрежи. Тој успеал да пристигне од САД со своето семејство – сопругата Ивана и нивните две деца – и да го затекне својот татко во последните часови од животот.
„Почивај во мир, татко мој. Ти беше мојот најголем пример за сила, чесност и борба.
Секогаш ќе ги паметам твојата добрина и твојата жртва за нас. Засекогаш ќе ми недостасуваш“, напиша пејачот во емотивната објава.
