Пристигна убава вест: Пронајдено е лицето по кое се трагаше три дена

Пронајден е 83-годишниот Ѓорѓе Серафимовски од тетовското село Фалипе, потврдија од семејството за „Скопје1“.

Тој е контактибилен и е во болница на дополнителни проверки.

Засега нема дополнителни информации за неговата здравствена состојба.

Серафимовски беше исчезнат од неделата, а по него се трагаше три дена.

Семејството упати благодарност до сите кои помогнале во потрагата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде