Се судрија „голф“ и „туран“ – има повредени

На 16.09.2025 околу 09:11 часот во СВР Штип е пријавено дека на регионалниот пат Делчево-Берово, на место викано „Стамерски Преод“,

се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Д.В.(25) од с.Звегор, делчевско и патничко возило „фолксваген туран“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од К.В.(42) од Делчево.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Д.В., констатирани во Клиничка болница Штип.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Штип.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде