Обид за убиство ја потресе Македонија

Две лица од Струга и струшко се приведени под сомнение за обид за убиство на 52-годишен жител од дебарското село Џепиште, соопшти СВР Охрид.

Осомничените, 29-годишниот А.К. од Струга и 34-годишниот Л.К. од селото Велешта, на улицата ЈНА во Струга употребиле метални предмети врз Б.А. (52) и 17-годишно лице, двајцата од Џепиште.

По нападот, Л.К. испукал неколку куршуми кон Б.А. од пиштол и избегал од местото на настанот.

Двајцата осомничени се пронајдени и лишени од слобода по преземените полициски мерки. Повредениот Б.А. е пренесен во Општата болница во Струга, каде што му се констатирани тешки телесни повреди.

Од СВР Охрид информираат дека по целосното расчистување и документирање на случајот против осомничените ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде