Возило излета од патот – има повредени

Маж е тешко повреден во сообраќајка на еден магистрален пат. 

– На 17.09.2025 околу 06:15 часот во СВР Штип е пријавено дека на магистралниот пат Штип-Радовиш,

патничко возило „рено лагуна“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од П.В.(52) од Штип, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип, соопштија од полицијата. 

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Штип.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде