Нова семејна драма во Македонија: 36-годишна жена жртва на насилство

Кајдарчанка го пријавила својот сопруг М.Б. во полиција поради физички напад, закана со остар предмет и поставување ГПС локатор во нејзиното возило, соопшти Секторот за внатрешни работи Велес.

Локаторот бил одземен, а на М.Б., на возраст од 35 години, му била изречена мерка за забрана за приближување кон жртвата.

– „Во ОВР Кавадарци денеска е извршен службен разговор со М.Б., постапувајќи по претходна пријава од неговата 36-годишна сопруга дека

во семејниот дом физички ја нападнал и ѝ се заканувал со остар предмет, како и дека во нејзиното возило поставил ГПС локатор“, соопшти полицијата.

Полицијата продолжува со натамошна постапка и преземање на сите неопходни мерки за заштита на жртвата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде