Голема полициска акција во Македонија

Неoфицијално од синоќа се спроведува и се уште трае голема полициска акција на подрачјето на Берово, Пехчево и Делчево, објави Курир.мк.

Се работи за разбивање на организирана криминална група која со години наназад вршела нелегална сеча на шуми, злоупотреба на службена положба, примање и давање поткуп, како и други тешки дела против животната средина.

Неофицијално, како што објави Курир, меѓу приведените се и актуелен директор на ЈП „Македонски шуми“ и актуелен началник во полицијата, како и повеќе полициски службени лица, шумски полицајци, службено лице од подрачна единица на министерство за земјоделие како и сопственици на правни субјекти.

Тие се сомничат дека систематски организирале нелегална сеча и транспорт на дрвна маса, која потоа преку коруптивни врски ја пласирале како легално исечена.

Повеќе детали за акцијата се очекуваа од МВР.

Извор: Курир.мк

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде