Истражна постапка за едно лице – со смртни закани барал 3.000 евра од градоначалникот

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе истражна постапка против едно лице од Неготино за кривично дело – Изнуда од член 258 став 1 во врска со член 19 (во обид), како и Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот ги извршил кривичните дела спрема градоначалникот на Неготино.

На 2 септември, од анонимен фејсбук профил му испратил порака со сериозни закани кон него и неговото семејство, обидувајќи се да го присили да му исплати 3.000 евра.

Во периодот од 4 до 18 септември, во неколку наврати, осомничениот испраќал пораки со смртни закани и на официјалната електронска пошта на Општината. Со тоа, кај оштетениот и неговото семејство предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.

Бидејќи постои опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде