Вечерва драматична спасувачка акција во Македонија

Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска во 17:24 часот добил пријава за едно повредено лице при превртување на теренско возило на планинскиот пат над село Јеловце, општина Врапчиште. Веднаш за настанот се известени полициските станици Гостивар и Галате.

“Попладнево околу 16.30 часот лице кое управувало теренско возило високо над с. Горно Јеловце, Општина Врапчиште, близу косовската граница, излетало од планинскиот пат и се здобило со тешки телесни повреди.

Трите лица кои биле со него, од кои едното доктор, во моментот на несреќата биле надвор од возилото веднаш пријавиле на 112 и побарале помош за извлекување на тешко повреденото лице.

Полицискиот хеликоптер кој штотуку имаше слетано од гаснење на пожарот на планината Кожув веднаш го пренасочивме кон местото на несреќата.

Повреденото лице набргу потоа е пренесено до Клиничкиот центар во Скопје.

Голема благодарност до МВР и пилотите на полицискиот хеликоптер.“ – извесуваат од ЦУК.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде