Најавени врнежи од дожд во Македонија – ЕВЕ КОГА

Денеска започнува есента. Првиот есенски ден е 265-иот ден во годината и до крајот на годинава остануваат уште 100 дена.

 Есента ќе трае до 21 декември во 10 часот и две минути, кога календарски започнува зимата.

На првиот ден од есента, утрото ќе биде посвежо, а потоа сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 27 до 32 степени Целзиусови.

И во Скопје утрото ќе биде посвежо, а преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 32 степени Целзиусови.

Утре и в среда ќе се задржи претежно сончево и топло време за овој период од годината. Од четврток ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Дневната температура ќе биде во опаѓање.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде