Земјотрес утрово стресе делови од Македонија – еве каде е епицентарот

Македонската телеметриската сеизмолошка мрежа, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија,

одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје,

рано утринава во 03 часот и 20 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, 290 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML5.0.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југоисточните делови од Републиката, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде