Невреме во Македонија – УХМР утрово со најнова вест

Утрото ќе биде ведро и посвежо, а преку денот се очекува претежно сончево и топло време, со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималните температури ќе се движат од 6 до 14 степени, додека максималните ќе достигнат од 27 до 33.

Во Скопје ќе преовладува сончево време, со утринска температура до 12 и дневна до 33 степени, информира УХМР.

До среда ќе се задржи стабилно и топло време. Од четврток попладне следува период на променливо облачно време со локални врнежи.

Во петок се очекуваат и гремежи, како и умерен до засилен југоисточен ветер.

Температурите ќе бидат во постепено опаѓање, особено за време на викендот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде