Страотна несреќа помеѓу две возила и трактор – има повредени

Полицијата со детали за вчерашната сообраќајна несреќа кај Велес. 

– На 22.09.2025 во 05:45 часот во СВР Велес е пријавено дека на регионалниот пат Велес-Градско, после с.Ногаевци, општина Градско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „имт 533“ без регистарски таблици,

управуван од Д.П.(67) од село Ногаевци, патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Т.(71) од Велес и патничко возило „форд“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Р.К.(43) од Неготино.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, а со телесни повреди се здобил Д.А.(74) од Велес, сопатник од возилото „фолксваген голф“, констатирани во Општата болница Велес, соопштија од полицијата. 

 Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде