Вонредна вест: Попладнево изби голем пожар

Голем пожар избувна попладнево во непосредна близина на експресниот пат Штип – Кочани, кај селото Соколарци.

Според првичните информации од терен, станува збор за пожар од поголеми размери кој се шири во атарот покрај оваа фреквентна сообраќајница.

Во моментов нема официјални информации за тоа што точно гори, ниту за евентуална загрозеност на објекти или човечки животи.

Поради близината на огнот до патот, постои сериозен ризик сообраќајот да биде отежнат или целосно прекинат.

Се очекуваат повеќе детали од надлежните противпожарни служби и Центарот за управување со кризи во текот на попладнето.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде