Тешка сообраќајна несреќа, едно лице го загуби животот

Вчера во СВР Скопје е пријавено дека на патот Горно Лисиче – Долно Лисиче во Скопје,

патничко возило „ауди а6“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Д. (30) од Скопје, удрило во пешакот Т.Ѓ.(83) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Т.Ѓ., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде што подоцна починал.

Лекар констатирал смрт, а увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

По насоки на јавен обвинител возачот Г.Д. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде