Страотна несреќа го потресе регионот: Министерка со тешки повреди заврши во болница

Министерката за туризам на Црна Гора, Симонида Кордиќ, е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случила попладнево околу 14:45 часот на автопатот од Драгаљ кон Грахово и Рисно, потврди Полициската управа.

Кордиќ била патник во службен мерцедес на Министерството за туризам, управуван од вработен возач.

Во несреќата биле вклучени уште две возила, а судирот се случил по еден од тунелите на патот во Драгаљ.

Покрај министерката, повредена е и жена со иницијали С.Ч., која се наоѓала во друго возило. Министерката веднаш била пренесена во Клиничкиот болнички центар во Котор, каде е хоспитализирана со тешки повреди, додека второто лице е сместено во Специјалната болница „Васо Ќуковиќ“ во Рисно со полесни повреди.

Полициската управа информира дека причините за несреќата се сè уште се испитуваат, а увид на местото вршат надлежните служби.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде