Млад кумановец е тешко повреден во собраќајна несреќа со трактор.
– На 28.09.2025 во 15:20 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„Иво Лола Рибар“ во Куманово, А.С.(24) од Куманово, управувајќи мотокултиватор „имт 509“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.С., констатирани во Општата болница Куманово, известија од МВР.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.
