Нема да бидеме изненадени доколку имаме повеќе од 50 градоначалници, но очекуваната бројка е помеѓу 45 и 50, плус главниот град, рече премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во гостување во емисијата „360 степени“ на МРТ 1.
Мицкоски вели дека тоа е поголем број градоначалници во однос на изборите во 2021 година кога имаа четириесет и двајца.
За резултатот на СДСМ, пак, рече дека согласно нивните анализи тие би добиле од нула до 6 градоначалнички места. За партијата Левица вели:
– Не очекувам да освојат. Затоа што Левица, таму каде што кандидира свои кандидати, во најголем дел, а тоа се скопските општини и во градовите Тетово, Гостивар и Струга, теоретски не може да добијат поголем број гласови од кој било друг што се натпреварува на тие избори.
Јасна е нивната стратегија, дека тие треба да бидат прокси за Демократската унија за интеграција.
