Пристигна убава вест: Еве кога ќе биде исплатена зголемената пензијата за пензионерите

Пензионерите ќе ја добијат септемвриската пензија со зголемување од 1.000 денари. Исплатата ќе започне на 1 октомври.

„Од 1 октомври е првичната корекција на пензиите, она линеарно зголемување, а потоа ќе има и напролет, со што ќе се заокружи инвестицискиот циклус и зголемување на пензиите за пензионерите линеарно со вкупен износ од 7.000 денари.

Тоа практично ги надминува оние 5.000 денари што ги зборувавме за време на кампањата,“ изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Ова е трето покачување на пензиите во последната година. Во септември 2024 тие беа зголемени за 2.500 денари, а за ист износ следуваше покачување и во март 2025 година.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде