Шок за пушачите: Ново големо зголемување на цената на цигарите

Од денеска пушачите низ цела Македонија ќе мора да издвојуваат повеќе пари за својата дневна навика – цената на цигарите е зголемена за 10 денари по пакување.

Новото поскапување е дел од акцизната политика на државата, со која секоја година се усогласува акцизата на тутунските производи.

Во пракса тоа значи дека најпопуларните брендови, кои до вчера чинеа 120 денари, од денеска се продаваат за 130 денари, а оние од повисоката класа достигнуваат и до 170 денари за едно пакување.

Министерството за финансии потсетува дека акцизниот календар предвидува вакви корекции до 2027 година, со цел да се зголемат приходите во државниот буџет, но и постепено да се намали бројот на пушачи.

Трговците предупредуваат дека секое поскапување најпрво носи мал пад во продажбата, но навиките на пушачите брзо се враќаат. Од друга страна, дел од граѓаните велат дека оваа нова цена конечно ќе ги натера сериозно да размислат дали да го намалат или целосно да се откажат од пушењето.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде