Голема полициска и противпожарна операција е во тек од раните утрински часови во северен Минхен откако се слушнале експлозии и пукотници.
На местото на настанот биле распоредени специјални сили и одреди за деактивирање бомби, а бил видлив и густ облак од чад, објавува „Билд“.
За време на интервенцијата, пронајдено е тело на маж, а според неофицијални информации, се сомнева дека тој поставил експлозивни направи во куќата на своите родители, ја запалил, а потоа си го одзел животот.
Дополнително, пронајдено е уште најмалку едно лице со прострелни рани. На местото на настанот бил видлив целосно изгорен автобус.
Инцидентот се случил на улицата Лерхенауер, а полицијата го оградила поширокото подрачје. Властите апелирале до граѓаните и учесниците во сообраќајот да го избегнуваат тој дел од градот.
