УЖАС: Прегазен пешак – итно пренесен во болница

Попладнето на 30 септември, нешто по 17 часот, на кружниот тек на улицата Христо Татарчев во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која пешак е тешко повреден.

Автомобил со скопски регистарски ознаки, управуван од 52-годишен жител на селото Долно Количани,

удрил во 54-годишен пешак од Агино Село, кој се движел по делницата.

Поради ударот, човекот паднал и се здобил со тешки повреди, по што бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

СВР Скопје извршила увид на местото на несреќата, а истрагата продолжува за да се утврдат сите околности под кои дошло до инцидентот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде