ВОНРЕДНА ВЕСТ: Започнаа врнежите од снег во Македонија

Вечерва снег паѓа на Попова Шапка покажуваат камерите во живо на skimacedonija.mk, a ситен снег се забележува и на Бистра во Маврово.

Инаку, утрово на социјалните мрежи се појавија снимки од првиот снег во Србија, на планината Голија, а снег има и на Копаоник. Снежни врнежи се забалежани и на Бјелашница во БиХ.

Под влијание на влажен и студен бран, времето во Македонија до петок ќе биде облачно, студено и со чести врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат обилни.

Според најавите, се очекува да наврнат над 30 литри дожд на метар квадратен, а локално и над 50 литри на метар квадратен.

Според прогнозата на УХМР, од утре поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер, на планините врнежите ќе преминуваат во снег. Во петок, со натамошно опаѓање на температурите, ќе има услови за снег и на повисоките места. На планините се очекува формирање значителна снежна покривка.

Од сабота следува стабилизација на времето со ниски утрински температури, додека дневните ќе бидат во пораст.

Видеата можете да ги погледнете ТУКА

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде