Облачно и студено со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат обилни. На планините врнежите од дожд ќе преминат во снег.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.
Во Скопје, облачно и студено со повремени врнежи од дожд, повремено пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде 10, а максималната ќе достигне само до 11 степени.
Во петок ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои од повисоките места од снег. На планините ќе се формира значителна, а на повисоките места помала снежна покривка.
Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Од сабота времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.
Утрово снег има на Попова Шапка покажуваат камерите во живо на skimacedonija.mk, а врнежи од снег има и на Маврово.
