На 01.10.2025 во 13:16 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Џ.Р.(41) од тетовско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 38-годишна вонбрачна сопруга, дека на 25.09.2025 во семејниот дом физички ја нападнал и ја заклучувал во домот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна кривична пријава.
На 01.10.2025 во 11:00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода П.Т.С.(36) од Полска, затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 30.09./01.10.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Е.Х.(44), Н.Н.(32), Д.Б.(24), С.Т.(32), Л.Ч.(21) и И.Ј.(32), сите од Скопје, како и А.Ј.(24) од Италија, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, бела грутчеста материја, кафева грутчеста материја и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 30.09.2025 во 19:00 чaсот на ул. „Козјак” во Битола, полициски службеници од СВР Битола, по наредба од Основен суд Битола, го лишија од слобода Ј.В.(30), кој бил баран за издржување на казна затвор во траење од една година. Лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.
