Под влијание на циклонска активност нашата држава е зафатена од студен бран кој доаѓа од северните делови на континентот.
Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 50 l/m² дожд.
Денес на планините врнежите ќе преминуваат во снег, при што ќе се формира значителна снежна покривка.
Поради натамошно спуштање на студен воздух, утре ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во снег и на некои од повисоките населени места.
За време на викендот времето ќе биде стабилно со ниска утринска температура, а дневната ќе биде во благ пораст.
