Една година од големата трагедија во Македонија кога тројца лекари од болницата Плодност загинаа во тешка сообраќајна несреќа.
Да потсетиме, до несреќата дошло при судар на патничко возило ‘тојота’ со прилепски регистарски ознаки и товарно возило ‘волво’.
ЕДНА ГОДИНА БЕЗ НАШИТЕ СОРАБОТНИЦИ И ПРИЈАТЕЛИ
На денешен ден, пред една година, ја доживеавме најтешката загуба во нашето семејство –
прим. д-р Александар Ристески, спец. гинеколог д-р Никола Василески и радиолошкиот технолoг Фанче Јованоска.
Нивното отсуство и понатаму боли, но нивната добрина, нивното знаење и нивната љубов кон пациентите живеат со нас секој ден.
Тие не се само дел од историјата на „Плодност“, туку засекогаш дел од нашите срца.
Со неизмерна благодарност и тивка молитва, Мир во Царството Небесно, напишаа денеска од болницата Плодност.
