Поплавите во Бугарија ја однесоа и четвртата жртва. Станува збор за 58-годишен руски државјанин, чие тело е најдено во вилите во погоденото одморалиште Елените.
Повеќе од 200 луѓе се евакуирани и сместени во хотелски комплекси. Вонредната состојба во Бургас, Царево и Несебар останува на сила и покрај послабите врнежи од дожд.
Мештаните ја препишуваат катастрофата на нерегулираната градба. Трагедијата предизвика и бран на солидарност од регионот.
Македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова му понуди помош на својот бугарски колега, Румен Радев за справување со последиците од поплавите.
„Ќе започнат инспекции од страна на дирекцијата за национална контрола на градежништвото. Доколку има нешто поврзано со неправилна градба, причините ќе бидат испитани“, изјави Николај Димитров, градоначалник на општина Несебар.
„За време на поплава пред две години, водата не стигна до нас. Излегуваше од реката и стигна до тука, но сега нема спас. Сè овде е потопено“, изјави маж, зафатен од поплавата.
„Не може да се случи еднаш и да не се преземат мерки и потоа секој пат само да велиме „катастрофа“. Човекот постои за да контролира одредени процеси во природата“, вели друг маж, зафатен од поплавата.
