Тешка сообраќајка, две девојчиња итно пренесени во болница

76-годишник од скопје со автомобил удрил во две двојчиња на возраст од 12 и 13 годините.

Двете со тешки телесни повреди се во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

– На 04.10.2025 во 20.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Товарник“ во Скопје патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.Н.(76) од Скопје, удрило во две малолетнички на возраст од 12 и 13 години, двете од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетничките, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, се вели во известувањето од МВР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде