Одеднаш слушнавме силна експлозија и земјата и куќата се стресоа. Слушнавме експлозија. Мислевме дека е земјотрес.
Излегов надвор и тогаш видов што се случило. Целиот тој дел од улицата експлодирал и парчиња од асфалтот летнале. Потоа се појави оваа дупка.
Пукнала цевката од притисок. Овде асфалтот на оваа уличка е неколку сантиметри, а за изградба на згради тука поминуваат огромни и тешки камиони.
Беше прашање на време кога ова ќе се случи – вели жител на Влае кој живее на стотина метри од местото каде што експлодираше Ф-600 цевка.
Поради тоа, без малку во половина Скопје, пред се во Влае, Карпош, Тафталиџе, Козле, па се до Центар, имаше помал притисок на вода и таа течеше со сериозно намален капацитет.
Распуканиот и пропаднат асфалт сведочи за силината на експлозијата, со што станува јасно зошто земјата и куќите во околината се затресла, а жителите мислеле дека е во прашање земјотрес.
Извор: А1он.мк
