Пронајдено мртво тело на Македонец во Словенија – Неофицијално, лицето било претепано до смрт

Пронајденото безживотно тело, пријавено во петокот во полицијата во Љубљана, е на 38-годишен државјанин на Македонија,

потврди портпаролката на полициската управа во Љубљана, Шпела Шкопорц.

Неофицијално, лицето било претепано до смрт.

„Полициските службеници извршија увид на местото на настанот, наредена е судска обдукција, но причината за смртта сè уште не е утврдена.

Интензивната кривична истрага продолжува, а надлежното државно обвинителство ќе биде известено за сите наоди“, изјави портпаролката.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде