УДАРНА ВЕСТ: Пукање во Македонија – застрелан кандидат за советник

Зекирија Шахини ранет во вооружен инцидент во Куманово. Носителот на советничката листа во Општина Липково бил застрелан со два до три куршуми во близина на зградата на Фондот за пензиско осигурување.

Шахини е пренесен на Клиниките во Скопје и, според првичните информации, е надвор од животна опасност; ранет е во ногата.

Полицијата ја обезбедила локацијата и ги побарува камерите со пристап до местото, додека мотивот и сторителите засега не се познати., јавува Рацин.

МВР соопшти дека повредениот е З.Ш.(43) од село Слупчане, општина Липково и дека е пренесен во кумановската болница.

– Денеска во 13.54 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од ул.„Димитрије Туцовиќ“ со ул.„11 Октомври“ во Куманово, две лица лица во движење од огнено оружје пукале во патничко возило „фолксваген голф “, управувано од З.Ш.(43) од с.Слупчане, општина Липково, кој се здобил со повреди и е пренесен во болницата во Куманово за укажување помош, се наведува во информацијата од МВР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде